Урнебесно видео: Марија Шерифовиќ повторно направи хаос во кујната, нејзината мајка остана шокирана

Добивај вести на Viber

Пејачката не може да се пофали дека е број еден во подготвување на храна, но се труди...

Марија Шерифовиќ веќе некое време е многу активна на Јутјуб сцената, каде со своите обожаватели споделува видеа од патувања, но и некои интересни работи кои ги прави. Едни од најгледаните видеа ѝ се оние кога правеше торта и сарма во слаткарницата на нејзината мајка Верица во Крагујевац. А, сега пејачката повторно се врати во кујна, одлучна во тоа да го направи славскиот колач.

Иако тоа можеби за многумина е лесно, за Марија претставуваше вистински кошмар, во кој за целото време нејзината мајка ѝ даваше инструкции.

„Ова е малтретирање луѓе мои. За ова ви треба многу трпение, време, многу е пипаво“ - објаснуваше таа додека го месеше тестото.

Покрај тоа што се жалеше дека ќе добие воспаление на мускулите од месењето, исто така полуде и од правењето украси од тесто за славскиот колач.

„Сега го направив ова и никогаш повеќе“ - викаше пејачката на цел глас, додека Верица ја прекоруваше зошто зборува така.

Сепак, по неколку часа „макотрпна“ работа, Марија на крајот беше задоволна од финалниот продукт, а како изгледаше сето тоа, погледнете во видеото во продолжение.