Животна училница // Приказни
Уште една српска пејачка позитивна на Ковид-19: Не се чувствува најдобро
- 01 Јули, 2020
Пејачката Славица Чуктераш има коронавирус, потврди нејзиниот ПР.
Имено, откако не се чувствуваше добро неколку дена, 35-годишната пејачка реши да се тестира, а тестот покажа позитивен резултат.
- Така е, Славица е позитивна за коронавирусот. Таа ги презема сите неопходни мерки, а во моментов секојдневно прима инфузии затоа што не се чувствува добро. Се разбира, се надеваме дека наскоро сè ќе биде добро и дека ќе се врати на работа супер подготвена - вели нејзиниот ПР за српски „Ало.рс“.