Уште како мала си ја одредила судбината и дала ветување: Со песна ќе го славам животот

Мара Маринковиќ е една од омилените кандидати на шоуто „Никогаш не е доцна“ и жив пример дека соништата можат да се остварат на 40-годишна возраст.

Својата фотографија од детството ја сподели на социјалните мрежи, а исто така напиша и емотивна порака:

- Кога ќе пораснам, ќе го славам животот со песна. И ќе станам финалист на шоуто Никогаш не е доцна. Кога ќе пораснам, ќе се обидам да бидам подобра личност секој нов ден од претходниот. Кога ќе пораснам, ќе станам мајка и ќе бидам бескрајно благодарна за тој благослов. Кога ќе пораснам, ќе научам да разбирам повеќе и помалку да им судам на луѓето. Кога ќе пораснам, ќе научам да го разликувам значајното од неважното и ќе знам дека сè се случува точно на време. Кога ќе пораснам, ќе сфатам дека ја сочував оваа насмевка.

Со овој текст, пејачката им даде поттик на многумина да истрајат во своите соништа и желби, бидејќи навистина никогаш нема да биде доцна.


Извор/Фото: гранд-онлине.ком