Уште тогаш се знаело сѐ: Фотка од првата средба на кралицата Елизабета Втора со принцот Филип

Британскиот „Daily Mail“ објави фотографија стара околу 80 години, на која е забележана првата средба на тогашната принцеза Елизабет и нејзиниот иден сопруг Филип.

Иако е црно - бела, фотографијата е од непроценлива важност за британската монархија.

За време на посетата на кралот Џорџ Шести на колеџот Дартмут во 1939 година, кадетот Филип ја имаше честа да ги забавува младите благороднички. И, очигледно, тој ѝ остави најсилен впечаток на 13 - годишната Елизабета.

Одлична фотографија, пронајдена во архивите на монархијата, ја покажува првата средба на Елизабет и Филип пред традиционалната игра крикет.

Фотографијата е откриена при претрес на архивите по повод прославата на 90 - от роденден на принцот Филип.

На 20 ноември 1947 година, принцезата Елизабета се омажи за грчко-данскиот принц Филип, кој малку пред тоа стана британски државјанин, а потоа и војводата од Единбург.

На венчавката, што се одржа две години по завршувањето на Втората светска војна, не смееја да присуствуваат германските роднини на Филип, односно не беше присутен никој, освен неговата мајка.

За жал, во петокот принцот Филип почина и по повеќе од 70 години заеднички живот со него, кралицата Елизабета Втора остана сама.

фото: 

Dailymail.co.uk