Успех е ако ги смениш навиките на жената: Избрани мажите на годината во 13 категории
Мислав Галер, извршниот директор на телекомуникациската компанија „А1“ е прогласен за Маж на годината на изборот кој по втор пат го организираше онлајн магазинот friday.mk.
„Со вас македонците, не ми е тешко да се чувствувам како дома, вие правите да не сум странец тука. Изминативе дваесет години се посветив на кариерата, а оваа награда им ја посветувам на моите деца. Се надевам дека во следните 20 години ќе бидам избран за татко на годината“, изјави Галер кој потекнува од медитеранскиот дел на Хрватска. На забавата која се одржа во хотелот „Хилтон“, тој доби уште една награда, Маж странец на годината.
Галер и Енвер Малиќи се единствени кои добија по две награди, Малиќи е награден во категориите Маж со трајни вредности и Маж со стил. Бизнисменот во својот кус говор ги мотивираше младите дека треба да останат во својата држава и да веруваат во соништата.
Кои други мажи добија признанија и кои познати личности присуствуваа на настанот, погледнете на МАШКИ МАГАЗИН