Успешна донацијата за Атиџе: Еве кој го купи портретот на аукцијата

Пред два дена Атиџе Муратова наполни 58 години.

По тој повод Сузана Турунџиева, која е нејзина најдобра пријателка, повторно одлучи да ја израдува Атиџе.

Имено, заедно со уметникот Саше Милевски одлучија да стават на аукција портрет од Атиџе, кој лично уметникот Милевски го изработил, а со цел да се присоберат финансии кои би ѝ се донирале на Атиџе.

Сега, веќе портретот знаеме чиј дом ќе краси.

Анонимен иселеник од Битола, бил донаторот кој го купил портретот на Атиџе за сума од 10 илјади денари.