УСПЕШНА ИГРА
Уште кога се запознав со Марко,
ја забележав неговата умешност да ја процени моменталната ситуација и да се
извлече од неа гордо и достоинствено. Всушност, беше тактичен и таа особина му
овозможуваше да најде решение за секоја ситуација. Истото се случи вечерва.
Марко, цело време, внимаваше што се случува и виде дека оваа вечерна забава и
стриптиз ќе се претвори во нешто друго и чекаше момент кога ќе заминеме.
Излеговме од јахтата незабележано. Дуваше пријатен ветар, кој ми помогна да ми се намали напнатоста. Молчевме неколку минути. Потоа, тој прв проговори: „Претпоставував дека имаат некој план. Не знам колку Давид е запознаен со ова, но ако знаел барем да нè предупредеше. Тоа самиот ќе ни го разјасни ако има храброст да се јави и ако се видиме“. Јас уште бев вкочанета и не кажав ништо.
Тој продолжи: „Многу те сакам и те почитувам Милка. И ти умееш да се снајдеш и да владееш со ситуацијата. Сигурно и твоето животно искуство придонело да се снајдеш и да останеш горда и достоинствена“.
Ме бакна и со насмевка ми рече: „Искрено, баш беше добра во стриптизот. Полудев по тебе, а сигурен сум дека вечерва и другите полудеа“. Тогаш од мене излетаа многу зборови: „Не сакав да правам сцени, но, секако, играва беше наместена. Како и да е, се контролирав и играва успешно ја завршив. Ние двајцата си читаме од очите и добро изреагиравме. Марко, многу сум истоштена. Жедна сум и иако е доцна, имам желба да влеземе во некое кафуле да се смирам и ќе се договориме што ќе правиме после“.
По пат наидовме на едно отворено кафуле. Имаше доста народ, кој уживаше во тивката музика. Амбиентот беше прекрасен, преполн со многу цвеќиња и дрвја, невообичаено за овој период во годината. Местово како да се појави пред нас. Имаше слободни маси и седнавме и нарачавме газирана вода и кафе. Кафето беше преубаво, а водата беше ладна. Навистина, се освежив за кусо време.
Марко ме држеше за рацете и почна да ми зборува: „Овие ситуации, што се случуваат, придонесуваат во нашите напори за повеќе и поблиску да се запознаеме. Куќа се гради цигла по цигла. Ако ѕидот се изгради криво, ќе падне. Значи и врската или се доградува или се уништува, различните ситуации откриваат за нас моменти на разбирање и толеранција. И досега имавме наметнати ситуации, во кои на непосреден начин се сфаќавме. Тоа е начин или да се зближиме повеќе и да ја искажуваме љубовта или да се разделиме. Кај нас двајцата, каков било настан да се случи, сè повеќе нè поврзува“.
Насмевнувајќи се, му реков: „Марко, бидејќи си филозофски расположен вечерва, сè ми кажа, освен за тоа вечер каде ќе спиеме. Или ќе преседиме на масава, или на клупа в парк. Доцна е и не ми се ѕвони да ги разбудам и да ги уплашам Весна и Боро. Во тој момент, келнерот, кој го собираше кафето, слушна што зборувавме и ни кажа: „Над кафулево има апартмани за спиење, ако има слободен ќе ви кажам“. Отиде, се врати и со насмевка ни рече: „Имате среќа. Вечерва си заминал еден брачен пар. Поседете овде додека го средат апартманот и потоа може да одите горе“. Со Марко се погледнавме и се израдувавме. Очите ни светеа од среќа. Немав намера да ги викам Весна и Боро, макар на клупа спиела. Не ми се објаснуваше, а бев изморена да им смислувам приказна.
Се качивме горе. Апартманот беше нов и луксузен. Бањата беше целата во огледала. Влегов да се туширам, а Марко пушти музика и влезе по мене во бањата. Нежно ги спушти усните кон моите, а јас иако изморена, заборавив да дишам за момент. Срцето скокна, го загуби ритамот, а нозете ја откажаа послушноста. Тлото како да ми избега под нозете и целото мое битие во тој момент му се предаде нему и на оние убави усни што ги сакав. Ми ги соблече кошулата и градникот.
По кусо време, со силно и брзо движење, ме дигна од земја и ме крена нагоре. Ги стегнав бутовите околу неговото тело и ги завиткав рацете околу неговиот врат. Влезе во мене внимателно и нежно. Се почувствував како самовила, која лета низ бањата и пак си доаѓа на своето место. Очите, што ми летаа во полутемнината собирајќи го целиот копнеж, гореа како два блескави пламени, кои полека се зголемуваа и со секој чекор нивниот сјај стануваше сè посилен и потопол.
Во тој еротски занес, му извикував: „Ми требаш! Цело време го мислам твојот поглед, твоите зборови, смеата, изгледот, нежните усни. Ми требаш за да ја пребродиме секоја ситуација“. Марко, полека спуштајќи ги усните право кон мојот долг врат и бакнувајќи ме, задишано извикуваше неколкупати: „Целата... ти!“
Нашата игра продолжи. Кога погледнав во огледалата, се гледаа нашите тела, кои се топеа в страст. Нашиот секс, продолжуваше и во еден миг, ме заврти и ги чувствував неговите раце на моите гради, неговите бутови се лепеа за моите. Се чувствував како да сме на некој водопад – а Марко влегуваше и излегуваше од мене, брзо и незаситно. Срцата ни пулсираа на двајцата како да се стопиле едно во друго, а полуладната вода, што се слеваше низ нашите тела, не можеше да ја изгасне нашата врела, зовриена крв. Конечно страста нè обзеде и двајцата. Се гушкавме и се покривме со бањарки. Излеговме од бањата прегрнати и така голи легнавме покривајќи се со чаршав. Се разбудив целата испотена. Погледнав низ балконот.
Темно и тивко, предзори. Излегов на балконот и седнав на фотелја да се оладам бидејќи надвор беше поладно. Размислував за сонот. Што значи? Страшен ѕвер ме брка низ густа, непозната шума. Јас трчав колку што можам да стигнам до некои непознати луѓе, кои беа далеку од мене. Срцето ќе ми излеташе од градите. Забите ми се тресеа, а Марко го немаше да ме заштити. Подалеку беа мајка ми, Весна и едно дете.
Не можев да се смирам. Размислував и потоа, ја зедов другата фотелја, ги доближив двете, една до друга, и се испружив. Почна да дувка ладно ветерче. Што ли ќе се случи? Потоа се тешев себеси дека од тоа што сум преуморена, сонувам глупости. Се смирив малку и задремав.
АНОНИМНА
Не ја пропуштајте претходната колумна ЗАБАВА