Успешно се одржа осмата обука од Караванот на мајчинство во организација на dm и Матрона

На 23 април, во Куманово се одржа важна и инспиративна обука, осма по ред од Караванот на мајчинството, организиран од dm и Матрона.
Од 17:30 до 19:30 часот, во уникатната атмосфера на SPA-ROOFTOP BAR во Куманово, речиси 40 учесници се собраа за да учат, споделуваат искуства и ја продлабочат својата свест за важноста на правилната исхрана и добриот имунитет.
Темата на обуката беше: "Правилна исхрана и добар имунитет: Препораки за трудници, мајки кои дојат и деца во најрана возраст". Прим. д-р Марина Поп Лазарова и д-р Александра Хаџи-Димова, врвни експерти во областите на здравјето и исхраната, ги споделија своите знаења и искуства, создавајќи атмосфера на доверба и поддршка.
Секое излагање беше проследено со искрени и емотивни моменти, каде што учесниците не само што научија нови информации, туку и се поврзаа со своите чувства и искуства како мајки и идни родители.
Оваа обука не беше само предавање, туку и простор за размена на приказни, совети и охрабрување. Сите присутни се вратија дома со нови знаења и инспирација, подготвени да ги применат советите во своите секојдневни животи. Караванот на мајчинството продолжува да ги обединува нашите заедници, поттикнувајќи нѐ нас, како родители, да се грижиме за нашето здравје и здравјето на нашите најмили.
Со нетрпение ги очекуваме следните настани и продолжуваме да создаваме заедница која ќе се поддржува, учи и расте заедно. Од компанијата се заблагодаруваат на сите учесници и предавачи за оваа незаборавна вечер!