Утрата ви се „тешки“: Послушајте ги овие совети за да си го олесните будењето
Ако имате проблем да најдете сила и мотивација да станете од вашиот удобен кревет наутро по будењето, ќе најдете помош овде.
За почеток, планирајте го вашето утро претходниот ден. Експертите тврдат дека ако сакаме да се разбудиме одморени наутро, треба да го усовршиме легнувањето. Ако сте навикнати на смирувачкиот ритуал да одите во кревет секоја вечер во исто време, помага да спиете подобро навечер и да се разбудите одморени.
Дополнително, добра вечерна рутина може да биде топла бања или туш половина час пред спиење, пишување листа на задачи, избор на облека или пакување торба за следниот ден. Читањето или слушањето музика пред спиење им помага на телото и умот да се релаксираат - но не и читањето мејлови или проверувањето на социјалните мрежи.
Појадокот е секако многу важен за енергијата наутро. Експертите тврдат дека појадокот е многу важен затоа препорачуваат да вклучите што е можно повеќе разновидна на храна, па ако сакате да јадете житарки, земете вид што содржи малку шеќер и многу влакна и вклучете јаткасти плодови, семки и сечкано овошје.
Дневната светлина наутро е многу важна, затоа одбегнувајте да ги спуштате ролентите. Иако со промената на времето Сонцето изгрева во различни периоди, обидете се да ја фатите дневната светлина - експертите советуваат дека тоа ни помага да се разбудиме и да се чувствуваме посилни.
Заборавете на одложување на алармот. Колку и да звучи примамливо да останете неколку минути подолго во кревет, избегнувајте ја опцијата за одложување на телефонот. Десет дополнителни минути лежење лесно се претвораат во 20, па 30, а на крајот ќе станете уморни и ќе се чувствувате виновни што ќе доцните на работа. Подобро е да го ставите будилникот на другиот крај од собата - ќе ве принуди брзо да станете!
5. Вежбајте наутроУтринските вешби, или барем истегнувањето науто е доста важно. Ако вежбате пред работа, тоа ќе ве направи посилни и полесно ќе ги надминувате секојдневните задачи.
Фото: Freepik