Утрински навики кои влијаат на вашето здравје и расположение

Доколку наутро се чувствувате мрзливо, депресивно, често доцните и не сакате да станете од кревет – ова се причините. 

Променете ги овие навики кои влијаат на вашето расположение. 

Спуштени ролетни или завеси

 Избегнувајте да седите во темна соба. Дневната светлина му помага на телото да се разбуди на природен начин. Освен тоа, полесно ќе заспиете во текот на ноќта, а вашето тело ќе се заштити од инфекции. Со сончевата светлина полесно ќе размислувате, ќе имате повеќе сила за вежбање. Ако  не може да заспиете со спуштени ролетни, кренете ги кога ќе станете. 

Одложување на алармот

 Баш ви требаат тие 15 минути за да станете одморени,нели? Погрешно! Најодморени ќе бидете ако веднаш станете и одите на спиење секој ден во исто време. 

Пребрзо станување од кревет 

Ако нагло станете од кревет, гравитацијата ќе ја повлече крвта во нозете и може да ви падне притисокот, па да почувствувате вртоглавица. Затоа седнете на работ на креветот и почекајте вашето тело да се прилагоди. 

Прескокнување на кафе

 Доколку имате навика наутро да пиете кафе, немојте да ја прескокнете оваа рутина бидејќи може да имате главоболка.

 Започнете го денот без планови 

Ако го започнете денот без размислувања зошто го правите тоа што го правите, нема да знаете која ви е целта, а ќе заборавите на смислата на животот. 

Прескокнување на доручек

 Луѓето кои редовно доручкуваат јасно размислуваат, слаби се и помали се можностите да добијат дијабетес и срцеви заболувања.