Утринско Франк кафе со Ирена Спировска: Денот ми почнува со добра музика на радио

Во овие зимски денови денот ми започнува со филџан топол чај кој го пијам незасладен.  Потоа пијам смути од сезонско овошје кое е идеално освежување наутро, а воедно е витаминска доза која штити од настинки и вируси. Првото утринско кафе го пијам на работа со колегите.

Мотивацијата е неопходна за убав и успешен ден. Наутро наместо ТВ пуштам радио и сакам да ми почне денот со добра музика, а во тек на самиот ден мотивацијата ја пронаоѓам во позитивната енергија на моите колеги и колешки од АЛФА ТВ. Имам среќа да работам со млади луѓе, а тие секогаш знаат да инспирираат и да мотивираат.

Од пред неколку месеци сум на позицијата маркетинг директор на АЛФА ТВ и сега обврските ми се малку поинакви од предходно. 

Наместо во студио пред камери со емисии и гости, денот ми поминува во состаноци, средби и маркетинг активности. Ова е исто така динамична и интересна работа која за мене е нов предизвик.

Втората половина од денот се трудам да ја поминам во друштво на оние кои ги сакам,  да излезам некаде на ручек или на кафе, а навечер често одам во опера, на балет или некој интересен културен настан. 

Кога сум дома денот сакам да го заокружам со чаша вино и некој добар филм, а имам навика да пијам кафе и навечер за крај на денот.

* Ирена Спировска, маркетинг директор на Алфа Тв