Утринско Франк кафе со Маја Крстевска: Ноќта е мојот омилен дел од денот

Утрата се иснспиративни за пиење кафе со другарите. Се разбира, оние утра кога не сум на работа. Не сум тип кој задолжително пие кафе наутро, но затоа пак, сакам да го приготвам, да го декорирам и со задоволство да го послужам на најблиските.

Најчесто планирам да го реализирам работниот ден и сите задолженија и обврски кои доаѓаат со него. Останатото избегнувам да го планирам затоа што вреувам во убавината на спонтаните случувања. Не можам да планирам дека ќе напишам песна или ќе направам фотографија затоа што тоа би бил план со неуспешен крај. Единствено нешто што планирам е да живеам (се смее).

Мотивацијата се крие во малите нешта. Постојано е присутна. Животот е една голема инспирација. Мојата најголема инспирација се секојдневните нешта како пиењето кафе или чај, прегратките, насмевките, дождот, снегот, утрата, ноќите.. Секој миг од животот носи испирација која може да биде преточена во уметност.

Ноќта е мојот омилен дел од денот. Тогаш сум најмногу своја. Иако често не сум дома, сепак ноќите ги минувам со најблиските. Времето најмногу го трошам на семејството, сопругот, внуката Лора, личности кои ги сакам, но знам и да потрошам доста време на некакви мои креативни лудории. Кога сите ќе заспијат, тогаш настапувам јас. Се сместувам удобно во мојот свет, пишувам, читам, слушам музика, обработувам фотографии. Така ја чекам инспиративната мугра.

Книгите се неизбежен дел од мојот живот. Како професор по литература, постојано сум опкружена со книги. Најчесто заспивам со книга, но би излажала ако не кажам дека сум зависник од документарни емисии, сериски филмови и трилери.

* Маја Крстевска, професор по македонски јазик и литература и фотограф