Утринско кафе со Ади Имери: Никогаш нема да имам доволно книги

Бидејќи се будам без аларми и слични стресови, го оставам денот сам да си се развие и да си каже со што, со кого и како ќе го поминам.

Во последно време, најинтересните работи ми се случуваат кога ќе ми стане досадно. Досадата е клучна за било каков напредок.

Не секогаш деликатна рамнотежа меѓу проаѓање време со луѓе и работи кои ме прават љубопитен и креативен, и штитење на своето природно право на мир и тишина.

Како ми зваршува вечерта? Епа имам нов тостер, и сега се бавам со сите негови забавни примени. Имам доста контролиран наплив на информации од секаков медиум и сум љубител на сите уметности, ама НИКОГАШ нема да имам доволно книги.

* Ади Имери, музичар