Утринско кафе со Ангела Димитрова: Денот секогаш ми е исполнет и ми поминува брзо

Утрото го започнувам со шоља чај и овошен шејк, јадам и понекогаш на крај пијам кафе. После ритуалот сум подготвена за почеток на денот. 

Ме мотивираат моите најблиски луѓе кои безрезервно ме поддржуваат и ме разбираат во моментите кога сум презафатена и не можам да им посветам доволно време. Без нив не би била ова што сум. 

Моментално сум во процес каде имаме по дупли проби, денски и вечерни со што најголемиот дел од денот го поминувам во театар. Во времето измеѓу гледам да се видам на кратко со пријателите и да завршам некои други обврски. Денот секогаш ми е исполент без разлика дали работам или сум слободна.

Обично денот ми поминува многу брзо и затоа вечерта гледам да се опуштам и да изгледам некој добар филм или серија. Последниов период сум опседната со серии, но сакам да прочитам некоја добра книга која најчесто се случува да ја завршам во еден ден. Филмови гледам константно така да не знам што прво би одбрала. Веројатно и двете.


(Ангела Димитрова- актерка)