Утринско кафе со Катерина Попева: Ме мотивира љубовта кон фитнесот

Првото утринско кафе го пијам сама, будејки станувам многу рано во 5:30 часот. Единствено друштво ми се кучињата и доколку станам малку подоцна и за викендите, кафето го пијам со мојата мајка.


Ме мотивира мојата работа, љубовта кон фитнесот, ме мотивираат моите вежбачи и работата со нив, ме мотивираат новите фитнес и животни предизвици, учење на нови нешта, поместувањето на моите лимити и секако мојот тренер Мирко Петровски, кој секојдневно ми дава огромна поддршка и мотивација и ми помага при усовршувањето како тренер и пред сè како натпреварувач.


Мојот ден започнува во 5:30 - 06 часот со првиот утрински кардио тренинг, потоа мојот прв оброк, потоа заминувам во фитнес клубот „Тринити“, каде ги одржувам првите утрински тренинзи, заедно со моите соработници и колеги. Првиот дел од работата го завршувам околу 11 часот во зависност од тоа како се закажано термините и потоа се упатувам да го извежбам мојот тренинг во клубот „Проект Фит“, каде со Мирко секојдневно работиме на припремите за претстојните фитнес натпревари.


Вториот оброк по кој заминувам да одморам, потоа ручам (третиот оброк) кафе и заминувам на работа во „Тринити“, каде имам неколку тренинзи, потоа второто кардио дома, па ручек (4тиот оброк) чај и заминувам на работа во „Тринити“ каде имам 3 часа групни тренинзи, на кои многу се дружиме и забавуваме, стануваме појаки и пред сè, живееме здраво. Работниот ден завршува во 22 часот, потоа заминувам дома, вечерам, се подготвувам за следниот ден и си легнувам.


Сакам да прочитам книга и да гледам добар филм, тоа многу ме исполнува, посебно добра книга и во последно време покрај пред спиење и за викендите практикувам да читам додека правам кардио.


Катерина Попева - модна дизајнерка и фитнес инструкторка