Утринско кафе со Ќазим Асотиќ: Се опуштам со хумористични серии

Ако утрото е помудро од вечерта како што велат старите, тогаш вистинските одлуки ги имам уште при пиење на првото кафе, дома, фамилијарно. 

Обврските наталожени и незавршени се први за извршување па, потоа продолжувам со нови размисли за идни планови со кои ќе оставам траг во иднина за мене и за оние што ја почитуваат мојата работа. 

Средбите со драгите пријатели и соработници се само еден миг кој поминува брзо поради многуте идеи споделени и работни обврски поделени за завршување. 

На крај, пред сумирањето на завршените задачи уживам во хумористичните серии на Тв каналите. Тогаш ми следува опуштање од целодневните обврски. И, до следното утро кое секако е помудро од вечерта сумирам и креирам пак - планови за тоа што утре ќе биде!

* Ќазим Асотиќ, фаготист во МОБ