Утринско кафе со Медаин Аслан: Љубовта е движечка сила во општеството

Мојот ден започнува во 9:00 со позитивна енергија и убава мисла за почеток на денот. Го пијам првото кафе (горко турско) со моите блиски пријатели.

Моите дневни обврски се базираат на дизајнирање креации и обврските кон факултетот.

Сметам дека љубовта е движечка сила во општеството. Практикувам сѐ што правам да го правам од љубов и задоволство. Работата е таа што најмногу ме исполнува, а за тоа добивам поддршка и мотивација од прекрасни луѓе со кои сум секојдневно опкружен.

Денот го завршуам со моите пријатели, колеги во некој локал на пијачка. Споделуваме искуства и планираме активности за блиска иднина.

Практикувам да гледам добар филм и да прочитам добра книга. Сакам да црпам инспирација од сите активности кои ме опкружуваат. Ме интересираат филмови кои се базирани на вистински настани.

* Медаин Аслан, моден дизајнер