Утринско кафе со Мими Костова: Насмеј се, животот е убав

Секое утро се будам со мислата „Насмеј се! Животот е убав“.  Денот го започнувам со туширање, се средувам и се спремам за работа. Со сопругот заедно одиме на работа, работиме во иста фирма во различен оддел.

Првото утринско кафе го пијам со колегите и колешките на работа.


Ме мотивираат успешни луѓе. Луѓе кои успеале во животот да направат нешто, да го постигнат она кое го посакале.

И покрај големите обврски кои ги имам во текот на денот, секогаш сум позитивна и насмеана. За среќа имам голема поддршка од сопругот за одлуките кои треба да ги донесам.

Најчесто времето за пауза го користам со него и одиме на ручек или одиме на фитнес со колегите.


Се трудам секогаш работата да ми е завршена во целост до крајот на работното време. После работа одиме и до пицеријата, којашто ја имаме во партнерство со брат ми, крајот од денот скоро секогаш завршува со добра пица и чаша црвено вино.


Вечерните часови ги поминувам заедно со децата и сопругот, гледаме филмови или пишуваме домашни задачи. Но, неретко може денот да го завршам и со муабет и кафе со мојата мајка.


*Мими Костова - специјалист за тестирање на електронски компоненти*