Утринско кафе со Моника Ангелковска: Ме мотивираат упорни и смели девојки

Денот ми почнува со утрински ритуал на проверка на моите акаунти на социјалните мрежи, мејлови и пропуштени пораки. Бидејки не сум фан на кафе, преферирам чаша вода за будење или цеден сок. Потоа, откога ќе се расонам и ќе ги прегледам пораките, почнувам да се убедувам дека е вистинско време за кеј или пилатес тренинг. Од неодамна денот ми продолжува во спортски манир, со утрински тренинг во Тринити.

Ме мотивираат девојки што самите со својата упорност, доследност и смелост успеале да постигнат резултат во она што замислиле да им биде професија или животен избор. Ме мотивираат исто така и позитивните луѓе кои независно од својата лична несреќа или отсуство на наклонетост на космосот, остануваат ведри, оптимисти и среќно чекорат понатаму. За крај, ме мотивираат сите успешно завршени кампањи и проекти и ме хранат со креативност и енергија за нови предизвици.

Зависно од периодот во годината, се менуваат и моите обврски. Последнава година, откако дипломирав, се посветив посериозно на мојата актуелна преокупација како инфлуенсер и моите обврски воглавно се околу моите клиенти и ангажманот на нивните проекти. Мојот ден е динамичен, исполнет со многу контакти, состаноци, запознавам постојано нови луѓе и среќна сум заради тоа. Да не ги исклучам вкусните ручеци и дружби кои се неизоставен дел од мојот ден.

Денот ми завршува најчесто со мојот партнер Драган, во некој ресторан на вечера или во некое кафуле со другарките на добар коктел. Не ретко се случува денот да заврши и новиот да започне во некој ноќен клуб, особено за викенд. Во деновите кога сум уморна и исцрпена, сакам да пешачам пред да заспијам.

Сакам да читам книга, но да бидам искрена повеќе сакам да гледам филм. Особено сакам да гледам серии и понекогаш знам да се заборавам и изгубам во времето. Да се затворам во соба и да изгледам цела сезона во еден ден. Редовно посетувам кино проекции и премиери во Синеплекс, а се трудам да најдам време и за добри театарски претстави исто така.

(Моника Ангелковска (Потер)- македонски инфлуенсер)