Утринско кафе со Викторија Луческа: Се инспирирам од убави мисли

Денот искрено ми почнува многу рано. Не сум голем обожавател на раните утра, а првото кафе периодов го пијам со колегите од работа. Но, вообичаено сакам сама да се напијам кафе и да уживам.


Секој ден ме мотивира различна мисла, но најчесто мислата „сите постоиме поради некоја одредена причина/цел“. Ме мотивира и шопингот секако хехехе.


Според мојот дневен план, сакам да се разбудам порано и да ги завршам сите обврски кои ме чекаат по редослед. Никогаш не оставам од денес за утре. Мојата дневна обврска е на време да стигнам на работа, но и да спремам дома некој оброк, може да е ручек, но може и вечера.


Денот може да ми биде напорен и да ме умори, па едвај чекам да стигнам до кревет. Секако, понекогаш си дозволувам и по една пијачка во град. Вечерите ги минувам со моите пријатели или со родителите, но не е исклучена и опцијата дружење со Вибер-камера, за да разговарам со саканиот, затоа што не делат километри.


Секој викенд практикувам да изгледам по некој добар филм, а со книга се дружам секогаш кога имам слободно попладне