Култура // Настани
Вајстин го шокира светот: Зошто бара да му биде отфрлена пресудата за силување?
Судијата направил неколку грешки со кои му е одземена непристрасна порота па затоа Харви Вајнстин (69) бара ново судење.
Американските медиуми пренесуваат дека поранешниот холивудски продуцент ова барање до Апелациониот суд во Њујорк го доставил вчера со што всушност бара да се тфрли пресудата за сексуален напад и силување и да започне ново судење.
Вајстин во март 2020 доби 23 години затвор за напад врз поранешната асистентка Мими Хејли и силување на актерката Џесика Ман, а самиот тој негираше било какви сексуални среди без заемна согласност.
Ако оваа казна му се укине на познатиот продуцент, тој може да се соочи со затворска казна од 140 години за обвиненија за пет жртви.
Foto: Printscreen