Вака изгледа царството на Милица Павловиќ: Погледнете ја гардеробата каде ги чува најскапите костими

Добивај вести на Viber

Вистинска оаза на мирот – ова се зборовите кои би можеле да го опишат родното место на регионалната музичка ѕвезда Милица Павловиќ, а ако на тоа се додаде како сега изгледаат куќата и дворот во кој таа пораснала, станува јасно зошто најдобро ги полни батериите во Горњи Буниброд. Така е и сега, пред последното шоу на турнејата „Лав“ што ќе се одржи во Сараево на 10-ти мај, па Милица, одморајќи се на своето омилено место, на своите следбеници им открила како изгледа дел од оваа куќа, на кој, сигурни сме, многу девојки би и позавиделе.


Станува збор за гардероба во која ги чува сите нејзини највредни костими кои ги носела за време на нејзината успешна музичка кариера. Како што и самата откри за тамошните медиуми пред неколку години, Милица првиот хонорар го вложила во средување на кујната во куќата во Горњи Буниброд, каде што тогаш живееле нејзините баба и дедо, Рада и Владимир.


Од година во година, хонорар по хонорар и музичката ѕвезда создаде вистински рај каде оди секогаш кога има слободно време. Јавноста во тоа се увери кога Милица Павловиќ ја отвори вратата од домот за телевизиска екипа и покажа модерна куќа и прекрасен двор, но она што тогаш не беше снимено е посебен дел каде се чуваат скапи костими.


Она што може да се забележи на видеото и фотографиите кои Милица Павловиќ ги сподели со своите следбеници на социјалните мрежи е посебен простор каде се редат наградите кои ги добила во текот на кариерата, како и катче за одмор и пиење кафе, а она што секако ви го одзема здивот е неверојатната глетка на нејзината градина. Во гардеробата посебно место има и за костимите кои ќе се носат на концертот во Сараево, а за кои веќе се шпекулира дека ги оставаат без зборови сите присутни.


Ова го потврди креаторот Бојан Петровиќ, пријател и еден од најблиските соработници на музичката ѕвезда, кој на социјалните мрежи откри дека подготвиле спектакл за последното шоу на турнејата „Лав“ и дека за него, лично, ова му се омилените костими досега. Интересот за концертот во Сараево во салата „Скендерија“ е голем, а бидејќи одредени категории се веќе затворени, организаторите проценуваат дека овој аудио-визуелен спектакл многу брзо ќе се распродаде.


Тоа не е чудно бидејќи, покрај публиката во Босна и Херцеговина, финалето на турнејата „Лав“ не сака да го пропушти и публиката од целиот регион, која веќе си ги обезбедила билетите. Се очекува Сараево на 10 мај да доживее ноќ за паметење, а покрај светската продукција, најавени се и двајца специјални гости, а на социјалните мрежи со денови се шпекулира кој би можел да биде на сцената со Милица.