Вака изгледа љубовта: Џеј Ло и Бен Афлек конечно „уловени“ како разменуваат нежности - ќе се стопите од нив (ФОТО)

Ако постоеше барем мал сомнеж за помирување на актерот и латино дивата, повеќе не постои. Бенифер се дефинитивно заедно!

Веќе еден месец американските медиуми пишуваат за помирувањето на Бен Афлек и Џенифер Лопез, а неколкупати се фотографирани на истото место, но досега не сме виделе да разменуваат нежности, но се случи и тоа, а папараците ги „уловија“.

Во понеделникот вечерта, двојката беше фотографирана откако се врати од романтична вечера во Западен Холивуд, поинтимни од кога и да е во текот на изминатите 17 години! Пејачката и актерот беа видени како одат до автомобилот прегрнати и насмеани. Судејќи според пишувањето на медиумите, нивната врска е многу сериозна.

- Ова не е обична врска. Тие се сериозни и сакаатда трае овој пат - истакна извор близок до парот.

Иако се оддалечени километри - латино дивата живее во Мајами, а Бен во Лос Анџелес, тие честопати се посетуваат и прават сè за да го поминат секој момент заедно.

Сепак, изворот нагласува дека за двајцата е многу важно децата од претходните нивни бракови, да ги имаат на прво место. Афлек, со актерката Џенифер Гарнер, ги има ќерките Серафина и Виолет и синот Самуел, додека Џеј Ло од бракот со музичката sвезда Марк Ентони ги доби близнаците Макс и Ема.

извор:GLOSSY
фото:instagram

Не можеме да го следиме ова, комплицирано е: Џенифер Лопез беше со Бен Афлек, сега се сретна со другиот поранешен, а третиот сака да ја врати назад

Џенифер Лопез го однесе Бен Афлек на еден од нејзините имоти: Нови фотки од новопечениот пар