Ваков ли ќе биде идниот крал: Принцот Чарлс збунет, пред него се онесвести работник

Во вакви стиуации изгледа дека не знае да реагира.

Принцот Чарлс, идниот крал на Обединетото кралство неодамна посети еден дистрибутивен центар во Бристол, па остана скоро неподвижен кога еден работник кој сакаше да поразговара со него, се струполи на земја.

Принцот застана да поразговара со работникот кој беше дел од екипата за пречек, кога наеднаш на човекот му се слоши, па така падна на земја пред принцот.

Шокиран и збунет, Чарлс не стигна ниту да изреагира. Еден момент подоцна тој ја испружи раката кон човекот, кој веќе беше на подот.