Ваква ретко ја гледаме во јавноста: Анета Љумаковска во фармерки и патики

Добивај вести на Viber

Ваква ретко ја гледаме во јавноста

Пејачката на народна музика Анета Љумановска, поранешна членка на групата „Молика“, редовно споделува дел од нејзините деловни настани и изгледи. Дамата неретко ја гледаме средена од глава до пети, во софистицирани тоалети, интересни креации со пулејќи, едноставни фустани кои ја истакнуваат нејзината фигура и многу други аутфити кои се во согласност со настанот на кој треба да биде присутна или да се претстави. 

Но овој пат откри како се облекува секојдневно, или народски кажано „за по дома“. Во ваква облека ретко ја гледаме Анета, но и во фармерки, патики и џемпер таа изгледа одлично.

Пејачката на студеново време одбрала да носи џемпер кој е со одличен дезен и кој  загарантирано ќе ја стопли, фармерките се безвременски, а патиките во боја која ја има и на џемперот. И за оваа комбинација таа внимавала на боите и усогласеноста.

Кога е човек убав, се‘ му стои убаво.


Р.Ж.М.

Фото: Инстаграм