Ваква страст може да ја раздели само смртта: Кога тој почина, сè умре за неа!

Таа имаше 19, а тој 44. Тоа не ги спречи да ги доживеат најдобрите 12 години од својот живот

Во далечната 1942 година, седумнаесетгодишна манекенка од Бронкс отишла во кино со своите пријатели. Тие го гледале блокбастерот „Казабланка“ со Хемфи Богарт во улогата на Рик. И додека сите девојки потајно биле заљубени во Богарт, младата манекенка била убедена дека нејзините пријателки полуделе.

Единствената девојка која се истакна со својот критички однос кон Богарт како мачо икона од тоа време, се викаше Бети Џоан Паркс. Младата Бети подоцна ќе стане позната како актерка, но под друго име - Лорен Бакол. Две години подоцна, Лорен Бекол ќе стане исклучително баран модел и ќе се најде на насловната страница на престижниот магазин „Esquire“.

Имаше среќа да биде забележана од сопругата на Хауард Хокс, одличен холивудски режисер. Веднаш беше организирано пробно снимање и младата Лорен брзо доби улога во адаптациите на познатиот роман на Хемингвеј „Да се ​​ има и да се нема“.

Во тој момент, Лорен Бекол немаше поим дека нејзиниот партнер во филмот ќе биде никој друг освен тој „преценетиот актер“ Хамфри Богарт, за кого тврдеше дека нема апсолутно никаков сексапил.

Богарт дојде на снимањето уморен од неговиот трет, несреќен брак со Мејо Мету. Жолтиот печат веќе нашироко пишуваше за разводот, а јавна тајна беше дека парот нон-стоп е во кавга, која е проникната од параноична љубомора и алкохолизмот на познатиот актер. Филмот „Да имаш и да немаш“ е снимен во 1944 година, кога Лорен Бекол имала 19 години, додека Богарт бил 25 години постар од неа.

И тогаш се случи еден „филмски пресврт“ и во реалниот живот! Богарт се фасцинираше од шармот на младата актерка, а Лорен почна да забележува дека се‘ повеќе размислува за тој „нехаризматичен и здодевен“ холивудски заводник. Ниту неговиот проблем со алкохолот, ниту неговиот брак во агонија, ниту огромната разлика во годините, ниту познатата нервоза и срамежливост на Лорен Бакол, не се најдоа на патот на страсната љубов на овие двајца големи актери. 

Лорен Бакол одговори на сите забелешки и предлози на Хауард Хокс, создавајќи исклучително карактерна и секси улога. Успехот на филмот беше над сите очекувања, а младата Бакол беше на прагот на голема кариера. Таа секако постави нови стандарди за убавина и сексапил од тоа време. Дури и искусниот Богарт не можеше да го сокрие воодушевувањето по страсната сцена во која Лорен Бакол ја изговара познатата реплика: „Знаеш ли да свиркаш? Не? Само спој ги усните и дувај“.

После оваа сцена, Богарт не можеше предолго да ги крие чувствата. И покрај фактот дека не беше заинтересирана за него и дека не чувствува никаква привлечност, таа се премисли кога Богарт ја бакна страсно на сетот и отворено ѝ даде до знаење дека е вљубен во неа. Истиот ден ја повикал на вечера, а таа го запишала неговиот телефонски број на кутија со кибритчиња што Богарт ја чувал како сувенир до неговата смрт.

Се‘ друго е историја! Тие беа толку опседнати еден со друг што често се прикрадуваа од сетот само за да се држат за рака и да се бакнуваат.

Откако се разведе од сопругата во 1945 година, Богарт веднаш договори свадба со Лорен. Од друга страна, колегите и пријателите биле против таа врска, бидејќи Богарт зад себе имал веќе три пропаднати брака, дваесет и пет години бил постар од неа и зголемен проблем со алкохолот.  Дури и режисерот Хауард Хокс ја молел славната актерка да не се омажи, предвидувајќи ѝ претстоен развод. Никој не веруваше дека нивниот брак ќе успее и дека ќе останат заедно „додека смртта не ги раздели“.

„Само гледање во него ме потресува. А кога ме фаќа за рака, чувствувам треперење длабоко во мојот стомак. Неговата рака е топла, заштитничка и полна со љубов. Првото нешто што ми го кажува на почетокот на денот е: „Здраво, бебо“. Кога го запознав, бев невина. Тој ми беше учител и ментор. Љубовта на мојот живот. Се сеќавам на секој збор што ми го кажа“, рече еднаш Лорен Бакол. 

Хамфри Богарт, пак, ги изрази своите силни чувства во едно од многуте негови писма.

„Не верував дека некогаш повторно ќе сакам. Ти си мојата последна љубов и јас ќе се грижам за тебе до крајот на животот", напишал тој на својата млада сопруга. На своите пријатели често им кажувал дека ова е единствениот брак што го направил среќен. 

Нивната страсна врска беше прекината по 12 години со смртта на Хемфри Богарт во 1957 година. 

Имаа две деца и за време на нивниот среќен брак не ја пропуштија можноста да се грижат еден за друг. Неколку децении подоцна, пред нејзината смрт во 2014 година, Лорен Бакол изјави: „Романса како Хемфри и јас сè уште не е напишана“.


Фото: Профимедиа

Прогласена е за втора најубава жена на сите времиња: Сега конечно се појави и изгледа сосема поинаку-непрепознатлива е (ФОТО)