Вапсам јајца заедно со децата: Елена Велевска за Велигден кај родителите
Фолк-пејачката Елена Велевска е голем верник и овој карантински Велигден ќе го помине со своето семејство. Минатата година беше доста бурна за неа на приватен план, па таа недодамна потврди дека се разведува од сопругот Маријан, со кој ги има трите деца, ќерките Софија и Калија и синот Марко.
- Велигден ќе го поминам во кругот на најблиските, со децата, родителите, сестра ми и нејзиното семејство. Ги почитувам сите обичаи, на Велики петок постам, како и сите христијани вапсам јајца речиси во сите бои и многу се радувам за тоа, и тоа го правиме заедно со децата- откри таа за Женски Магазин.
Велевска ги обожава велигденските обичаи, а годинава особено се радува што подготувањето на свечениот велигденски ручек на кој ќе се најдат македонски специјалитети од месо, пита и салати, како што самата вели, им го препушта на нејзините родители.
Во продолжение и пораката на пејачката, по повод денешното Воскресение Христово:
„На сите читатели на „Женски Магазин” им посакувам во мир и во благосостојба да ги минат овие денови, нека светлината на Христовото Воскресение ги осветли вашите срца, а неговата бесконечна љубов, го благослови вашиот живот и вашиот дом... Христос Воскресна!“
Д.К