Важна информација за времето ако одите во Халкидики: Што да правите ако ве фати невреме

По страшната временска непогода што синоќа го погоди Халкидики и усмрти шест луѓе, грчките медиуми пренесуваат дека се работи за олуја каква со децении не ја погодила оваа земја.

Иако интензитетот на невремето не може да се предвиди, веројатно е дека временските непогоди ќе го погодат северот на Грција и дека таквите временски неприлики ќе траат неколку дена.

Денеска на Халкидики се очекува максимална дневна температура од 24 степени и облачно време кое ќе се задржи до недела, кога се очекуваат дождови проследени со грмотевици.

Нестабилно време се очекува до среда, кога конечно се предвидува подобрување на времето.

Остатокот од јули ќе биде сончев и топол, а идеално време ќе има во август кога максималните температури дури на крајот од месецот ќе паднат од 29 до 24 степени.

Меѓутоа ако во некој случај се најдете во епицентарот на вакво невреме, имајте ги на ум овие совети кои можат да ви го спасат животот.

- Не тргнувајте на пат, ако видите дека се најавува невреме.

- Штом слушнете грмотевица, сокриете се под затворено. Пронајдете безбедно емсто, на пример во бања.

 - На заборавајте го правилото 30 секунди. Штом видите молња, почнете да броите до 30. Ако слуштене удар од гром пред истекот на 30 секунди, веднаш трчајте во затворен простор. Не излегувајте половина час од последниот удар.

- Ако ве затекне непогода на отворено, седнете на земја и трудете се што помала површина од телото да ја допира земјата.

- Тргнете се од бетонски подови и ѕидови- молњната може да патува и низ метални кабли.

- Ако се најдете во таверна, веднаш влезете во ресторан и бидете што подалеку од прозорците.

- Во екот на невремето никако не тргнувајте кон апартманот, бидејќи олујните ветрови може да подигнат и дрво кое може да ве убие.


Извор: telegraf.rs