Вечер ќе нема полициски час: Владата даде „зелено светло“ за новите мерки

Поради рамазанскиот празник полицискиот час вечерва полицискиот час нема да важи. Граѓаните ќе може слободно да се движат а ова е епилог од усвоените нови мерки од Владата.

Имено, од утре пак, 13 мај, полицискиот час ќе трае пократко. Одлуката е тој да почнува од 24 часот до 05 утрото.

Покрај новите мерки кои се олабавуваат поради епидемолошката состојба која бележи пад на бројките на заразени од ковид, угостителските објекти добија ново работно време.

Летните тераси ќе услужуваат гости до 23, 30 часот, додека од денес со работа почнуваат и фитнес центрите но и спортските сали.