Веда и Вања ги дувнаа свеќичките: Близнаците на Марко и Цена Новески наполнија 1 година

Добивај вести на Viber

Вчера се славеше во домот на познатиот водител Марко Новески.

Среќичките на неговиот живот наполнија 1 година.

Роденденската забава се случи во игротека, а близнаците Веда и Вања добија две торти како и што доликува.

Заедно со родителите и другарчињата близнаците на Марко уживаа во роденденот и славеа опкружени со многу балони, детски песнички и непресушна љубов.


Во интервју за Женски магазин Марко откри дека нема поубаво чувство што е татко, но и советува кој планира семејство тоа да го направи побрзо, а не на 44 години како тој.


„Станете татковци, нема ништо поубаво на целиот свет, но бидете подготвени дека ќе ви се променат нештата многу. Нема поубаво нешто. Целото ова неспиење, не го ни чувствувам (лажам дека не го ни чувствувам) ама мала цена да плати човек за тоа што го добива. Нека се живи и здрави, тоа ми е само единствената мисла. Ако планирате да станете татковци, родители направете го тој чекор немој да дозволите да ви преовладаат оние мисли како немам доволно финансии, цел живот ќе наоѓате изговори, а со тие изговори може да стигнете како мене дури на 44 години да ви се исполни тоа што најмногу сте го посакувале цел живот“, вели Марко.