Ведрана Велинова на кафе во „Бела“: Одбирам парчиња што се убави на око, без разлика дали се удобни или пријатни за носење
Ведрана Велинова е уште една во низата успешни жени, за која годините се само бројка. Освен што е посветена мајка на две дечиња и сопруга, таа е успешна и во работата што ја работи - дел е од семејната компанија која веќе 30 години е на пазарот.
Балансот помеѓу работата и приватниот живот ѝ прават да се чувствува најубаво, но воедно ѝ претставуваат и предизвик. Во рубриката „На кафе во Бела“, откри дел од своите секојдневни рутини и навики, но и што е тоа што ја прави среќна.
За оваа прилика, Ведрана ја имеше можноста да ги износи парчињата од новата линија на Bella за оваа пролет. Станува збор за колекција создадена од лесни материјали и пролетни дезени за потоплите сончеви денови, иделни за на кафе или прошетка во природа. Колекцијата Амстердам е составена од лимитирани дизајнерски парчиња како од светските модни писти, а на фотографиите во прилог на овој разговор може да погледнете како истите ѝ прилегаат на Ведрана.
* Kои се Вашите дневни рутини и навики?
- Откако се роди син ми кој има една година, многу ретко наоѓам време за моите ритуали, со две мали деца ги ставив малку на чекање. Но, од она што остана непроменето е почетокот на денот и задолжителното утринско кафе со сопругот, барем половина час пред да се разбудат децата. Потоа се подготвуваме за денот и излегуваме сите од дома. Фамилијарните попладневни прошетки се задолжителни и тоа ми е дефинитивно омилениот дел од денот. Викендите најчесто ги користиме да избегаме од градот. Минатата година немавме можност да излеземе од државата, но благодарение на тоа сфативме дека и нашата земја нуди преубави места за уживање и има навистина што да се види и доживее. Кога сме во Скопје, викенд - ручеците со пријателите и семејството ми претставуваат опуштање и задоволство.
* Која е тајната на Вашиот младешки изглед?
- Благодарам на комплиментот. Сега за сега немам конкретна тајна, затоа што на оваа возраст не треба премногу да се трудам. По природа сум многу позитивен човек. Сакам луѓе, постојано сакам да сум во присуство на пријатели, сакам забава и мислам дека тоа дополнително ме полни со позитивна енергија, што можеби е еден од поважните фактори за добар изглед. Ретко имам потреба да бидам сама со себе, иако знам да уживам и во тишината. Сметам дека како што се чувствуваме самите така не доживуваат и другите.
Исто така, благодарна сум што никогаш не сум имала проблем со кожата, така што освен редовен козметички третман и козметика за чистење и хидратација не сум користела друго.
* Како се релаксирате, што Ве опушта и што Ве прави среќна?
- Најчесто, во работните денови, времето за релаксација ми започнува од 21 часот. Во последно време ме релаксира тишината. Пијалак со сопругот во тишина. Ме релаксираат другарките, долгите кафе средби и вечерните излегувања што многу ми фалат. Добар филм или серија секогаш ми се на листата за релаксација. Години наназад голем дел од денот го поминувам во автомобил, така што гласна музика и соло изведба ми се супер начин да се расположам. А, среќата ми се луѓето кои ги сакам. Кога се тие среќни, јас уште посреќна.
* Кој е вашиот рецепт за успех на приватен и професионален план?
- Имам среќа да работам во семејна фирма што постои повеќе од 30 години. Во текот на овие години сме поминале низ многу ситуации, но она што сум го сфатила тука е дека со упорност, посветеност, добра организација и пред сè добар тим, секогаш има резултат. Среќата на моите деца и хармонијата во домот ме прават успешна на приватен план. А, најубаво се чувствувам кога ќе постигнам баланс помеѓу овие две работи, што во денешното динамично време е вистински предизвик.
* Кој моден стил најдобро Ви прилега , што најчесто носите?
- Кога се работи за стилот и за она што го носам секогаш одбирам парчиња што се убави за око, безразлика дали се удобни или пријатни за носење. Можеби звучи чудно, но не сум практичен тип. Не сакам класичен стил и не поседувам класични парчиња. Мојот стил не можам да го дефинирам со еден збор затоа што во зависност од пригодата тој се менува. Обожавам џинс во секаква варијанта и можам да кажам преовладува во мојот гардеробер. Долги капути и чизми дефинитивно се мојата пасија.
Модел: Ведрана Велинова
Фотограф: Мартин Трајановски
Може да ве интересира:
Елена Пискачева Курт на кафе во „Бела“: За мојот изглед нема случајност или оправдување на моите гениЕлена Бубало Михајловска на кафе во „Бела“: Можеби стилот ми е едноставен, но е мој и само така се чувствувам комотно
Драгана Д. Чифлиганец на кафе во „Бела“: Ако сакате да имате убави усни, зборувајте љубезно и со почит