Велат дека е најубав холивудски фраер од помладата генерација: Се соблече и ги покажа стомачните, а љуби 24 постара од него
Тој одигра многубројни улоги во европски и холивудски продукции, но неговата кариера навистина бележи нагорна линија само во последните три години. Арон дури беше прогласен за еден од најголемите холивудски надежи и наследник на старата гарда - Џорџ Клуни, Бред Пит, Колин Фарел, Џерард Батлер...
Имено, покрај неговиот величенствен актерски талент, тој има и одличен изглед и специфична харизма и машка енергија. Дека неговата популарност е во полн ек сведочи и фактот дека тој е еден од главните кандидати за новиот Џејмс Бонд.
Арон е новата ѕвезда на кампањата на модниот бренд Келвин Клајн, а за потребите на истата се фотографираше само во тесни, бели боксерки, покажувајќи ги своите завидни стомачни мускули и извајано тело. 32-годишникот не ја градеше својата кариера како мачо маж и ретко играше на картата на сексипилноста и физичкиот изглед, но новите фотографии јасно докажуваат дека и тоа не му е слаба точка!
На овие разголени фотографии Арон покажа и тетоважа на градите која ѝ ја посвети на својата сакана сопруга Сем (56). Инаку, љубовната приказна на овој пар е многу необична и несекојдневна - и покрај големата разлика во години, тие важат за еден од најстабилните парови во Холивуд.
Арон ја запознал својата сопруга Сем во 2008 година кога имал само 18 години и можеби нема да има ништо чудно во тоа, доколку таа не е постара од него повеќе од две децении. Во моментот на средбата, режисерката веќе имала 42 години, но актерот тврди дека во моментот кога ја видел знаел дека таа му е сродна душа и дека сака да го помине животот со неа: „Веднаш знаев дека Сем е мојата сродна душа. Веднаш знаев дека сакам да го поминам остатокот од мојот живот со таа жена. Добро се сеќавам на тој ден, како и на денот кога ја запросив“.
Славниот Британец нагласи дека никогаш не ја почувствувал разликата во годините меѓу себе и неговата избраничка, објаснувајќи како не можел да се споредува со ниту еден негов врсник кога имал 19 години, бидејќи и тогаш живеел живот кој немал никаква врска со стандардното воспитување.
„Знаев дека сакам семејство со неа, знаев дека сакам деца, а еден месец подоцна таа го очекуваше нашето прво дете. Никогаш ниту една секунда не почувствував јаз меѓу нас поради нашите години“, додал Арон и истакнал дека убавата русокоса е поостра и поенергична од него.
Парот има и две деца - дванаесетгодишната Вилда и десетгодишната Роми, а Сем има уште две ќерки од претходниот брак.
Интересно е и тоа што презимето Тејлор-Џонсон, кое и двајцата го носат од нивната венчавка, всушност е добиено со спојување на нивните презимиња што ги имале пред да застанат пред олтарот - презимето на Арон било Џонсон, а на Сем Тејлор-Вуд.
ФОТО: Инстаграм