Вељко Ражнатовиќ за кавгите со сопругата: Кога се расправаш со жена не разбираш ништо

Вељко Ражнатовиќ сподели цитат во врска со машко-женските односи и привлече големо внимание во јавноста

Младиот боксер Вељко Ражнатовиќ често споделува разни фотографии и снимки на својот Инстаграм профил, и често се шегува со своите следбеници. Овој пат, тој сподели цитат во врска со машко-женските односи, што многумина ги натера да помислат дека токму таква е ситуацијата со него и неговата сопруга Богдана.

- Кога се расправате со жена, исто е како кога инсталирате нешто. Не разбирате ништо, само кликате „next“, „next“, „next“ и на крајот „се согласувам со условите за користење“ - пишува во неговиот пост.