Венко Филипче полни 43: Годинава го дочекува роденденот во епидемија и сред големи предизвици

Првиот човек на здравството во земјава, Венко Филипче денес полни 43 години. Поради пандемијата од коронавирус, годинава сигурно роденденот на министерот ќе биде различен од сите досегашни.

Поради коронавирусот и ситуацијата со голем број на новодијагностицирани лица со Ковид-19, Филипче како министер ја има најтешката задача во државата.

Тој, заедно со сите здравствени работници се борат да спасат што е можно повеќе човечки животи.

И денес, на својот роденден Филипче работи и денот го помина на терен во Струмица.