Вербата во Господ е посилна и кога јаболкото изгледа како печено прасе: Д-р. Слободан Лазаревски за божикните пости

Добивај вести на Viber

Постот не е гладување или диета, туку прочистување на телото и умот, од лоши мисли и лоша храна. Човек пости затоа што сака, а не затоа што мора. Изборот е индивидуален.

Д-р Слободан Лазаревски,гинеколог и шеф на Одделението за хумана репродукција во „Аџибадем Систина„ редовно се придржува на сите традиционални црковни пости освен Петровденските.

- Верата ја чувствувам како духовна релација помеѓу Бога, односно апсолутната енергија и знаење, креатор на се што е во вселената, и мене, односно мојата душа, а постот претставува само едно мало искушение поврзано со преиспитување на сите прашања поврзани со нас, нашите блиски, смислата на животот и светот што не опкружува. Од друга страна, докажано е дека постот го одржува нашето здравје, не полни со позитивна енергија и е превенција на многу болести, посбно кардиоциркулаторни. Правилна и балансирана посна храна, без месо и кравји млечни производи е рецепт за долг и духовно богат живот – открива д-р Лазаревски.

Во почтокот ги држел само Велгденските, а од пред 10 години ги вклучил и Божикните, Богородичните и се разбира Строгите пости.

- Веќе девет  години го држам и Тримирот, а кој се обидел знае што значи тоа. Посебно вториот ден вечерта кога и јаболкото ви изгледа како печено прасе. Гладувањето, па дури и максималното намалување на внес на вода ги регенерира клетките во организмот ослободувајке се од штетните материи. Многу ретко јадам месо и во непосните денови, само ако „морам“, а од млечни производи користиме само козјо сирење, кефир и кисело млеко – посочува тој.

За време на постите риба јаде само во недела, а почетната и последната недела неговата посна храна е без малсо.

- Се разбира, за вкусни посни јаденја потребно е да имате богат избор на најразличнен зеленчук од кои некои се ретки и скапи и се наоѓаат само во специјализирани продавници за здрава храна. Инаку, најголема поддршка  во постот имам од сопругата која, не само што ми прави друштво, туку е и велемајстор во подготовка на храната - открива докторот.

(С.А.Н)