Ѕвездата од турските серии во центар на скандал: Поранешната сопруга го обвинува за злоставување

Актерот на кој сите се сеќаваме од серијата „Инстанбулската Невеста“ моментално доживува драматичен период од неговиот живот

Иако неколку пати се обидоа да ги негираат наводите за разводот, на крајот вистината излезе на виделина. Имено, бракот на 48-годишниот актер Озкан Дениз и неговата 20-години помлада, сега веќе поранешна сопруга Фејза Актан не ја преживеа „бурата“, па парот се разведе претходната година, по само 15 месеци брак .

Поранешната голема љубов пред неколку месеци доби епилог на суд. Имено, Фејза го обвини турскиот заводник за физичко малтретирање, а доколку судот го прогласи за виновен, тој може да добие 13 години затвор. Од друга страна, тој ја обвинува дека никогаш не била добра мајка на нивниот двегодишен син. Во приказната се приклучи и сестрата на Озкан, Сибел Семирци, која го бранеше нејзиниот брат и ја обвинуваше неговата поранешна сопруга.

View this post on Instagram

A post shared by Özcan Deniz (@ozcandeniz)


Сепак, тука не е крајот

Страстите помеѓу поранешните сопружници не стивнуваат. Пред неколку дена Озкан поднесе жалба против Фејза. Имено, тој тврди дека неговата поранешна сопруга не му дозволувала да го види синот, а ниту пак да го слушне на телефон. Инаку, пред неколку дена, тој го прослави својот трет роденден, на кој неговиот татко не можеше да присуствува или да му го честита.

„Го гледам мојот син четири пати месечно. Тоа не е доволно за мене или за него. Не сум се чул со него веќе десет дена. Денес е неговиот роденден и не можам да го видам или слушнам. Барам судот да ми даде апсолутно старателство над него. Тоа ми го уништува животот, не можам повеќе да го трпам ова“, наводно рекол тој на суд.

View this post on Instagram

A post shared by Özcan Deniz (@ozcandeniz)



Инаку, пред неколку месеци Озкан доби судска забрана за пристап кон поранешната сопруга поради обвинувања за злоупотреба. Нападот, наводно, се случил на 12 јуни. Двојката прво била на вечера во ресторан, а потоа ги посетиле пријателите од каде започнала расправијата. Тој наводно и замерил затоа што зборувала за нејзиниот поранешен партнер. Форензичарскиот извештај наведува дека кај Фејза биле откриени модринки околу очите, колената, рацете, нозете, расекотини и повреди на окото. Сепак, актерот тврди дека немало насилство и дека тој всушност е жртва тука. Тој вели дека неговата сопруга се заканувала дека ќе ја уништи неговата кариера и дека се повредила откако скршила одредени предмети низ куќата.