Култура // Настани
(ВИДЕО) Десет девојки во љубов со Тајфата и Димитар
„Не си моја“ е новата песна на „Тајфата“ и Димитар Андоновски, рефрен кој ќе се најде на нивниот прв албум што ќе го промовираат наскоро. Како автори се потпишуваат Лазар и Магдалена Цветковски.
Нумерата е визуелизирана со интересна љубовна приказна, а Диме, Аце, Влатко и Чирта се во друштво на 10 атрактивни девојки.
- Мислиме дека доста не' чекаше публиката да извадиме нова песна. Лазар и Ена направија уште една одлична тема за која убедени сме дека ќе им се допадне на сите што слушаат добра музика. Спотот се снимаше на неколку различни локации во Скопје, а Дарио Јанковиќ маестрално си ја заврши задачата - велат од бендот.