(ВИДЕО) Десетина мигранти влегоа да крадат облека во „Зара“ во Белград

Денес на Инстаграм се појави видео на кое десетина луѓе насилно се обидуваат да влезат во бутик да крадат облека.

Во видеото стои опис дека се работи за околу десетина мигранти, кои се обиделе да ограбат бутик на „Зара“ на Кнез Михаjлова синоќа во Белград околу 18 часот.

Според лицето кое го снимало видеото, двајца безбедносни работници се спротивставиле на групата мигранти и според сведоштвото, конфликтот меѓу нив траел околу десет минути.

На страницата се вели дека мигрантите на крајот успеале да украдат една јакна.

Видеото покажува група мажи како стојат пред влезната врата од продавницата. Се слушаат расправии и викање.