(ВИДЕО) Гледачите занемеа: Памела Андерсон од кревет со сопругот се јави во емисија во живо

ВО време на пандемија, не е невообичаено славните личности да се вклучуваат во разни емисии од нивниот дом онлајн, но гледачите на шоуто „Loose Women“ беа изненадени кога Памела Андерсон се јавила од кревет и разговарала со водителите гушкајќи се со новопечениот сопруг Ден Хејхорст.

Тие двајца опуштено си лежеле во кревет, а Дан ја држел камерата додека Памела говорела за нивната венчавка која ја одржаа во Ванкувер , Канада.

Запрашани дали се одлучиле за скромна венчавка поради мерките поради корона пандемијата, и дали затоа на церемонијата немале членови од семејството и пријателите, Памела одговорила: 

-Ќе беше убаво ако имаше некој наш пријател и член на семејството. Сепак, не беше воопшто проблем што сме сами. Имавме убава и тивка церемонија-рекла Памела.


FOTO: PROFIMEDIA

Може да ве интересира

(ФОТО) По венчавката: Памела Андерсон ги затвори сите профили на социјалните мрежи!