(ВИДЕО) Ја остави во осмиот месец од бременоста: Она што го најде во рерната после тоа ѝ го промени животот

Поминала низ пекол!

Сопругот ја оставил несреќната сопруга во 8-миот месец од бременоста, со натрупани долгови. Еден ден ја отворила рерната и видела големо изненадување

Аманда и нејзиниот сопруг требало да станат родители по 3 години обидување. Тие исто така започнале да живеат во нова куќа која била целосно реновирана. Но, еден ден сè се сменило. Аманда била осум месеци бремена и се преселила во нејзиниот нов дом, кога нејзиниот сопруг одеднаш рекол дека ја напушта.

Оваа вест било како бомба за неа.

- Она што го почувствував беше шок, бидејќи, не беше тоа што го планиравме, или барем она што јас го планирав. Ми беше многу тешко - вели Аманда.

Тој ги вложил своите пари во куќата, а Аманда била во напредна фаза на бременоста, со натрупани долгови. Посакала да може да остане во нејзината куќа и таму да го расте синот, но тоа се чинело невозможно.

Но, кога сè изгледало безнадежно, нејзината приказна стигнала до „Радио Сиднеј“ и тие ја поканиле Аманда во нивното студио. Кога ја слушнале нејзината приказна, решиле да и дадат нешто што никогаш нема да го заборави.

Аманда не знаела што да очекува кога ја замолиле да го погледне екранот до неа. Камерата ја покажала нејзината куќа, а внатре имало многу изненадувања.

Додека гледала во куќата, водителката и ја соопштила на Аманда добрата вест: 6 месеци платени услуги за чистење, храна за следните три месеци, сите работи потребни за да пристигне бебето.

Аманда плачела од среќа.

А кога ја отворија рерната ... Најдоа 10.000 австралиски долари со кои таа ќе ја плати хипотеката.

Аманда, до крајот на бременоста и првите недели со бебето, не треба да се грижи за ништо, освен за една работа, најважната: да го сака своето дете.


Целата приказна можете да ја погледнете на видеото подолу:


Видео: Kyle & Jackie O

Можеби ќе ве интересира:

Сингл сме, но тоа не нè спречи да имаме деца: Две другарки забременија во исто време од донори на сперма