(ВИДЕО) Кафе, прегратки, песна и смеа: Како помина дружбата на Атиџе и Сузана Турунџиева
Водителката и пејачка, Сузана Турунџиева беше во посета на хероината од „Медена земја“, Атиџе Муратова, која деновиве имаше немил настан со проблематичен сосед, поради што беше и исплашена за нејзиниот живот.
Сузана заедно со нејзината ќерка Матеа, решила да ја посети Атиџе, а средбата беше проследена со видео запис, фотографии и емотивен статус од Сузана:
„Не престанавме 2020та да ја нарекуваме лоша, никаква, негативна, промашена година... Е па за мене 2020-та е годината која (иако ми тргна лошо) ќе ја паметам по многу добри нешта, а најдоброто од се' е пријателството со Атиџе- жената која ја испрати најсилната порака во светот и хероина, која во целост ја промени мојата "диоптрија" на животот.
Има малку моменти и ситуации за кои ми недостигаат зборови да се искажам... ова е еден од тие... Ќе оставам сликите и видеата да ви раскажат...Му благодарам на животот што ми даде прилика да ја посетам, да пиеме кафе, да се гушкаме, да пееме и да се смееме..“ напиша Турунџиева, пресреќна по посетата на Атиџе.
Слушнете како Сузана и Атиџе во еден глас ја пеат „Македонско девојче“.
Мелем за душа: