(ВИДЕО) Кога најмалку го очекуваше: Војник се врати порано дома за да ги види сопругата и новородените близначки

Военото лице Скајлер Купер бил распореден на терен во Кувајт за време на втората бременост на неговата сопруга. Не само што Сидни Купер била бремена со девојчиња близнаци, туку требала да се посвети и на одгледување на нивните двајца синови.

Кон крајот на нејзината бременост, Сидни доби грип. Како резултат на тоа, нивните близнаци Ема и Кила се родени предвреме, во 33та недела.

Скајлер не можеше да се врати дома во Канзас на време за раѓање на неговите ќерки. Тој проверуваше, и' пишуваше и разговараше со неа преку видеа колку што можеше.

Сидни не можеше да дочека Скајлер конечно да ги запознае близначките.

На дванаесеттиот ден на близнаците во болницата, Сиднеј го лулаше едното бебе во едната рака и го држеше нејзиниот телефон во другата рака и му пишуваше на Скајлер, кој со нетрпение бараше фотографии и новости за близнаците.

Во моментот кога таа сакаше да му ја испрати пораката на сопругот, седејќи со грбот кон вратата, тогаш, медицинска сестра влезе во собата со изненадување - војникот си дојде.

ВИДЕО:


 Објава на Фејсбук на Сидни: „1 луда година, 1000 милји, соло бременост и породување, 48392 повици на Скајп, суперхерои,  12 денови во болница, тони помош од семејството и пријателите и многу солзи .... војникот си дојде дома“


извор: littlethings