(ВИДЕО) Короната пуста да остане, од морето ме раздели: Сузана Турунџиева

Сузана Турунџиева неодамна за Женски Магазин раскажа дека таа и нејзиното семејство до сега поминале многу „корони“. Пејачката, водителка и писателка која сега предава музичко во основно училиште, тогаш се пожали дека е својот внук Јаков, ќерката Лора и зетот Филип не ги видела повеќе од еден месец иако живеат во ист град.

Сега направи и преработка на песната „Туѓината пуста да остане“, во „Короната пуста да остане“.

Преслушајте во продолжение: