(ВИДЕО) Криси Тејген и Џон Леџенд очекуваат трето дете: Веста ја откриваат во новиот спот на Џон
Криси Тејген и Џон Леџенд ќе станат семејство од пет членови!
- Криси Тејген и Џон Леџенд, наводно, го очекуваат своето трето дете заедно, а веста ја откриваат во музичкото видео на Џон за неговата нова песна „Wild“.
- Кон крајот на видеото, Тејген го допира нејзиното стомаче кое личи на трудничко.
- Тејген и Леџенд се во брак од 2013 година и имаат две деца, Луна и Мајлс Стивенс.
Повеќе извори ја потврдиле веста за бременоста за „People“.
Kриси и Џон допрва треба официјално да ја потврдат веста, но по премиерата на видеото, Тејген, на нејзината омилена платформа - Твитер, само сподели насмеан, заљубен емотикон, навестувајќи ја нејзината возбуда околу вестите. Таа, исто така, врати на твитот на Vevo, велејќи дека музичкото видео завршува со „убаво изненадување“.
Ова би било трето дете за Тејген и Леџенд, кои веќе имаат заедничка ќерка и син: Луна Симон Стивенс, 4 и Мајлс Теодор Стивенс, 2.
Ова не е прв пат Криси да се појавува во музичките видеа на нејзиниот сопруг. Двојката прв пат се запознале во 2006 година токму на сетот на музичко видео на Џон за „Стерео“.
извор: harpersbazaar