(ВИДЕО) Кубанката Јасмин Лопез сними егзотичен спот во Велес

Добивај вести на Viber

Дуото „Беле беле“  од Куба чиј вокал е Јасмин Лопез, кои се добро познати по клубските забави кај нас снимија егзотичен спот за песната „Fiesta Latina“.

Спотот е снимен на Велешкото езеро, а уметнички директор е новинарот Зоран Василевски. Кокан Палашев е директор на фотографија, а спотот го режираше Крсте Шупев.

„Оваа песна е многу урбана и звучи свежо. Таа е совршена за танцување и за забави. Ќе ја слушате и ќе уживате во звуците на Мајами, Порторико, Колумбија“, вели Јасмин за песната.