(ВИДЕО) Љубов и после 70 години брак: Коронавирусот ги раздели, едвај дочекаа да се видат

Маж и сопруга кои се во брак 70 години и се скоро неразделни беа разделени со месеци поради ограничувања на коронавирус.

 91-годишниот Волтер Вилард и неговата 89-годишна сопруга Џан Вилард конечно беа повторно обединети - и тие не можеа да престанат да се бакнуваат еден со друг.

Двојката отсекогаш била во добра здравствена состојба се до минатата година, кога Џан падна и ја скрши карлицата, изјавија нивните ќерки, Венди Вилард и Ванда Глен, а Џан исто така покажувала и знаци на деменција.

По што Џан се пресели во Гериатричкиот центар Еди Меморијал во Троја, Њујорк, кој беше веднаш зад аголот од куќата на парот. Така, Волтер можел да ја посетувал секој ден - се до неодамна, кога поради пандемијата на коронавирус, старечкиот дом воведе  ограничувања на посети, за да спречи ширење на вирусот, што може да биде особено смртоносно за постарите жители.

Кога тој престана да ја посетува, Џан започна да плаче и да го бара својот сопруг, состојбата не беше лесна ниту за Волтер.

За среќа, сега конечно се повторно заедно, Волтер и Џан делат соба во старечки дом.

Моментот кога се обединија повторно после неколку месеци:


извор:cbsnews