(ВИДЕО) Љубовната приказна на Лепа Брена и на Боба Живојиновиќ

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ се венчале на 7-ми декември 1991-ва година, а на свадбата присуствувале околу 600 гости.

Најпопуларната пејачка на Балканот и познатиот српски тенисер скоро 30 години се во брак, а тогаш нивната свадба беше прогласена за свадба на векот.

Кум на Боба бил експертот за тенис Јан Цириjaк, додека на Брена, нејзиниот долгогодишен менаџер Рака Ѓокиќ. 

Сите покани имале врежани иницијали „ББ“. Неколку часа пред свадбата Лепа Брена и Боба ги поздравиле гостите во хотелот, таа носла сино кратко фустанче, а тој костим.

Младенците биле во одлично расположение и „судбоносното да"  го изговориле гласно, а по стапувањето во брак, невестата го фрлила бидермаерот, кој отишол во рацете на нејзината добра пријателка и помлада колешка- Драгана Мирковиќ, додека гостите ги забавувала Ванеса Шокчиќ.

Ваквата свадба чинела тогашни 50.000 германски марки. Сепак, имало мали несовршености. Имено во салата каде што требало да се одржи самата свадбена церемонија, неколку часа претходно пукнала цевка, така што целата веселба се префрлила во друга сала.

Биле подготвени 650 видови јадења, голем број коктели, па дури 22 свињи на скара. Свадбената торта била на пет спрата.

Љубовната приказна на Лепа Брена и Слободан Боба Живоиновиќ започнала во 1986-та година, и двајцата велат дека имале впечаток дека судбината ги споила.

- Кога се сретнав со Боба, ми се допадна неговата спонтаност и искреност и знаев дека исто како јас нема многу време за губење, бидејќи нашите кариери тогаш беа во својот зенит. Си реков - сега или никогаш! Се сеќавам, се сретнавме по премиерата на првиот дел од филмот „Hajde da se volimo“ во Домот на синдикатот. Не запозна Рака Ѓокиќ. Се прегрнавме иако претходно не сме се сретнале, барем не во овој живот, но почувствувавме нешто што не го доживуваат сите, убавина на средбата и енергија посилна од се - раскажува Брена за zena.blic.rs.