(ВИДЕО) Направете совршени локни со само еден чорап: Без употреба на обликувачи за коса

Локните веројатно ќе бидат во мода засекогаш.

За да ги направите, разбирливо е дека треба да користите преса за коса, или фен за коса, односно топлина што сепак ја оштетува косата.

За среќа, постојат и други методи.

Со оваа, која ќе ви ја претставиме, ќе направите локни без употреба на никакви препарати и апарати, и тоа додека спиете.
Потребно е да ја измиете косата и да ја исушите добро, за да биде скоро целосно сува.
Потоа исчешлајте ја и врзете со гумена лента во висока опашка.
Потребен ви е и сунѓер за да направите пунџа, но ако немате, користете стар чорап (исечете го врвот кај прстите).

Повлечете ја целата опашка преку сунѓер или чорап, а потоа поделете ја на два дела и намотете.

Кога ќе завршите, зацврстете ги краевите со шноли и легнете да спиете.
Откако ќе станете, полека извлечете ја косата.

Подготвени сте и можете да уживате во совршените локни!

ВИДЕО:



извор:Objektiv.rs