(ВИДЕО) Постави нови стандарди во музиката: Светот се прости со Жоао Жилберто
Бразилскиот пејач и композитор Жоао Жилберто, најпознат како
пионер на жанрот боса нова кој интернационална слава стекна во шеесеттите,
почина на 88 години. Светските медиуми пренесуваат дека починал во неговиот дом
во Рио де Жанеиро после долго боледување, а веста ја потврди и неговиот син на
„Фејсбук“.
Роден на североистокот на Бразил во 1931 година, Жилберто почнал да пее од својата 18-та година. Објавувањето на неговиот албум Chega de Saudade на крајот од 50-те години на минатиот век се сметаше за пресвртница на бразилската музичка сцена. Неговата умешност да ги комбинира традиционалните и модерните влијаниа инспирираше нов музички жанр, боса нова, кој после него продолжија да го негуваат многу уметници.
Создаваше комплетно нов ритам, мешајќи ја традиционалната самба со модерен џез. Неговите изведби на песни како што се „Мирна ноќ“ и „Девојка од Ипанема“ поставија нови стандарди во музиката.