(ВИДЕО) Позитива на денот: Метју Меконахи со виртуелно бинго за постарите

Светски познатиот холивудски глумец, Метју Меконахи, беше домаќин на виртуелно бинго, кое го одржа за постари луѓе.

Бингото се одвива на видео повик со околу дваесетина пензионери кои се натпреваруваат, а глумецот Метју е заедно со својата фамилија од другата страна на видео врската.
Пензионерите се во ризичната група на граѓани за зараза од коронавирусот, и согласно светските мерки задолжително треба да се изолираат во своите домови, а глумецот дошол на идеја да ги позабавува и орасположи.